ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катругалос бара одговор од Дендиас, зошто доцни ратификацијата на меморандумите со Северна Македонија

January 27, 2021 08:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од опозициската партија, од Дендиас бара информации зошто доцни ратификацијата на трите меморандуми со нашата земја и покрај тоа што во Парламентот беа донесени кон средината на септември минатата година.

Во пратеничкото прашање пишува дека и покрај ставот на актуелната грчка Влада за почитување на Договорот од Преспа, „сè уште се забележуваат сериозни проблеми на доцнење во нејзиното целосно спроведување и многу случаи на лицемерие од страна на министрите и членовите на Нова демократија“.

Во доцнењата што ги споменува Катругалос, освен ратификацијата на меморандумите, го наведува и доцнењето во однос на комисиите за учебниците и за трговските ознаки.

-Јасно е дека противењето за Договорот од Преспа на одредени претставници на Нова демократија, вклучувајќи го и поранешниот премиер А. Самарас, не е оправдување за горенаведените доцнења, што им штетат на националните интереси, ниту за општото заложништво на Владата во важните области на надворешната политика, пишува Катругалос.

 

Од шефот на грчката дипломатија бара одговор за тоа кога меморандумите ќе бидат донесени пред надлежната Комисија во Парламентот, како и на пленарна седница за ратификација; „кога се очекува да заврши процесот на повлекување или измена на учебниците со иредентистичка содржина во соседната земја?“; како и каков е планот на Министерството за надворешни работи во врска со „заштита на производите од Македонија“.

Исто така, прашува дали прашањата за учебниците и заштитата на производите биле покренати на средбата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за време на посетата на Атина и каков бил неговиот одговор. /МИА/.

Next Post

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка и Маврови Анови

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk