Четири милијарди луѓе низ светот бараат вакцини. И овие проблеми со вакцините се случуваат во речиси секоја земја – членка и на НАТО. Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.
„Неколку од членките од ЕУ бараат да се тужат производителите заради тоа што не испорачале потребни количини. Има еден период во кој очигледно повеќе ќе треба компаниите да сработат за количините да одговараат. Проблемот со недостигот на вакцини не е ниту во ЕУ, ниту во НАТО, ниту во земјите, туку нема толку производство колку што има побарувачка.“, изјави Шекеринска.
Шекеринска рече дека клучно ќе биде да добиеме вакцини против Ковид-19 на кои може да им се верува,во кои нашите граѓани ќе имаат доверба, но и количини што ќе ги задоволат потребите.