ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владимиров: Новата администрација на САД ќе ја помага евроинтеграцијата на Северна Македонија

January 27, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата администрација на САД ќе ја следи и помага евроатлантската интеграција на Северна Македонија, а во тој контекст ќе го постави и прашањето за бугарската блокада на приклучувањето на Скопје во ЕУ, оценува Владимир Владимиров, експерт за балкански прашања и координатор на секторот за јавни комуникации и јавни работи на партијата „Републиканците за Бугарија“.

– Претседателот Џо Бајден е исклучително добро запознаен со состојбата во Источна Европа и на Балканот. Една од точките на кои ќе се фокусира новата администрацијата во Белата куќа ќе биде зајакнувањето на источното и на јужното крило на НАТО и ЕУ. Сигурно ќе се дојде и до прашањето за ветото на Бугарија за Република Северна Македонија. Ќе има многу дипломатски рагзоори на таа тема и за тоа дали стратешките интереси на регионот треба да бидат заложници на домашните политички игри и дали Красимир Каракачанов ќе успее да влезе во следниот Парламент?“, изјави Владимиров за бугарската ТВ+.

Доналд Трамп ги водеше САД како корпорација, но сега, наведува бугарскиот аналитичар, во Белата куќа дојде долгогодишен професионален политичар со огромно искуство.

– Мислам дека ќе имаме појасни и посилни пораки од новата американска администрација. Многу важен момент е Македонија, која е една од ретките европски земји што има договор со САД за стратешко партнерство, вклучително и воена поддршка, уште пред да стане членка на НАТО. Еден од интересите што САД ќе го следат и ќе го помогнат е евроатлантската интеграција на Македонија, вели Владимиров.

Во контекст на регионалната политика и позициите на Софија и Бeлград кон Скопје, тој смета дека темата С.Македонија е премногу важна и за Србија и за Бугарија, а за тоа сигурно се разговарало и за време на неодамнешната посета на српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ на Бугарија.

– Србија сигурно има некаква понуда за Бугарија и Северна Македонија сигурно беше тема на разговор, рече Владимиров.

Тој го поставува и прашањето за рускиот логистички и хуманитарен центар во Ниш, кој според него, не е ништо помалку од разузнавачка база, оддалечена помалку од 100 километри воздушна линија од границата со Бугарија.

– Кон кого е насочена оваа база? Министерката Екатерина Захариева треба да праша и за новите руски и кинески оружја што пристигнуваат во Србија, дали е распоредено на границата со Бугарија. Нема одговор на тоа прашање, вели Владимиров.

Според него, Србија има големо политичко, економско и воено-разузнавачко влијание во Северна Македонија.

– Тие контролираат големи политички и економски кругови, а за нив најважното прашање е поврзано со Косово. Доколку Бугарија ја повлече поддршката за Косово, тогаш Србија може да и помогне во спорот околу Северна Македонија, изјава бугарскиот аналитичар и експерт за балкански прашања Владимир Владимиров. /МИА/

Next Post

Две котлари на „Фагус“ од Пехчево потенцијално емитираат прашина и штетни гасови, велат од Државен инспекторат за животна средина

НАЈНОВО

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Прва свадба во Нотр-Дам по 30 години: Дрводелецот што ја обновуваше катедралата се ожени

November 2, 2025

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk