„Уште денес би се јавил во Њу Делхи за вакцини“, изјави поранешниот директор на Токсикологија, д-р Нико Беќаровски за емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Според него, најголемата вакцинална програма е во Индија.
„Оваа земја има две вакцини, што се продизведуваат на нејзино тло. Едната е Ковид-шилд, која е потполно истата вакцина од компанијата АстраЗенека, а втората е Коваксин, која е слична со кинеските вакцини“, истакнува Беќаровски.
Беќаровски оваа информација ја сподели и на својот Фејсбук профил:
„Индија може да произведе 500 милиони вакцини месечно. Нивните 2 вакцини Covishield (која е лиценца и е иста како AstraZeneca) и Covixin која е од умртвен вирус, слично на кинеската Sinopharm, веќе се користат во десеттина држави, а Саудиска Арабија, Белгија и Велика Британија водат преговори да ги набават за своите граѓани.
Израел утре ќе ја надмине бројката од 50% вакцинирани !!!!
Вреди да се направи еден VIDEO CALL до New Delhi.“ напиша д-р Беќаровски.