Бугарските власти фатија лица со фалсификуван пасош на име Силвестер Сталоне. Според локалните медиуми бугарското обвинителство вчера поднело обвинение против четири лица осомничени дека припаѓале на група која произведувала и дистрибуирала лажни бугарски документи, како и фалсификувани банкноти. Кај осомничените,во стан во Пловдив, се пронајдени фалсификувани американски долари и евра, информира Република.мк.
–Полицијата заплени и бугарски пасош со фотографија од познатиот американски актер, кој бил користен како примерок за да им се покаже на клиентите високиот квалитет на нивните производи, објавило бугарското обвинителство.
Четворицата Бугари биле уапсени откако кај нив биле пронајдени машини за печатење и опрема за производство на фалсификувани банкноти и документи. Се рабори за претрес на 30 локации низ Бугарија во заедничка акција со Европол и американската тајна служба.