ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ципрас: ЕУ да придонесе за снабдување со вакцини на земјите од Западен Балкан

January 30, 2021 13:22
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За потреба да се обезбедат вакцини и за земјите што не се дел од Европската Унија, велејќи дека „не смееме да дозволиме да живееме во нашиот затворен европски круг кога нашите соседи од Западен Балкан, Јужна Африка и Блискиот Исток се соочуваат со уште посериозен недостиг на вакцини“ пишува, меѓу другото, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во колумната за „Политико“ посветена на вакцините против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Во колумната под наслов „Вакцините се јавно добро, а не корпоративен производ“, Ципрас го повторува неговиот предлог Европа да ги обезбеди патентите за вакцините, за да се зголеми производството, а во еден дел се осврнува и на земјите што не се членки на Унијата, коментирајќи дека е од огромно значење да им се даде опиплива поддршка на земјите од соседството.

-ЕУ итно треба да го засили нејзиниот придонес кон Ковакс, програмата на СЗО што има за цел да обезбеди праведна распределба на вакцините. Ние мора да обезбедиме повеќе производни линии на вакцината со цел ефикасно да придонесеме за Ковакс системот и програмите за вакцинација на земјите што не се во ЕУ. Во време кога е под прашалник улогата на ЕУ во нејзиното соседство и заложбата за проширување со Западен Балкан, особено е важно да покажеме дека ЕУ е подготвена да понуди опиплива поддршка надвор од нејзините граници, пишува Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА истакнува дека сега кога ЕУ е соочена со сериозна можност за недостиг на вакцина, „бидејќи компаниите ги намалуваат или доцнат со испораките, итно треба да го преиспита нејзиниот пристап“.

Пишува дека постојат голем број фармацевтски компании во ЕУ со производствени капацитети во и вон Унијата кои имаат потенцијал да дадат свој придонес.

-ЕУ треба да обезбеди што повеќе лиценци за производство на вакцини и производни линии и да ги добие соодветните патенти за да создаде европски фонд за патенти. Ова, ќе ѝ даде можност на секоја земја-членка на ЕУ што има средства и инфраструктура за производство на вакцини да ги мобилизира своите ресурси и да помогне во забрзувањето на производството, врз основа на стандардите од Европската агенција за лекови, пишува Ципрас.

Во колумната за „Политико“ потсетува дека неодамна 40 европски пратеници , по иницијативата на СИРИЗА, преку допис до Европскиот Парламент ја повикаа Унијата да ги обезбеди патентите за вакцините за да се избегнат доцнењата и недостигот.

 

/МИА/
Next Post

Колозова: Индексот на Транспаренси е резултат од ставовите на бизнис и стручна елита, а не од граѓаните

НАЈНОВО

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025
Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk