Преку статус на Фејсбук, министерката Јагода Шахпаска повторно ги охрабри жртвите на насилство да пријават.
„Согласно член 40 од Законот: Секое физичко лице кое има сознание за постоење на родово базирано насилство врз жени и семејно насилство е должно да пријави до полициска станица, центар за социјална работа, јавно обвинителство, здружение или СОС линија. Надлежните институции се должни да постапат и по анонимна пријава”, напиша министерката Јагода Шахпаска.
Доколку сте жртва на насилство или пак познавате некој што е, не чекајте, секоја минута е важна, пријавете!, додаде таа користејќи хаштаг #НеСиСама и #ПријавиНасилство