ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени

January 30, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица.

Како што соопшти Развојната банка на Северна Македонија, според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 барања се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии.

-Најголем дел од одобрените 2.009 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 14 проценти, Југозападниот регион со 12 и Југоисточниот регион со 12 отсто.Следни се Источниот и Пелагонискиот регион со 10 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 проценти од одобрените кредитни барања, заклучно 29 јануари 2021 година. Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Досега е донесена одлука за 2.264 кредитни барања, кои пристигнале заклучно со 20 декември, 18 часот, од кои за 255 е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик, наведува Банката.

Најчест услов кој апликантите не го исполнуваат е поврзан со барањето за капиталот во билансните позиции за 2019 година. Имено, 88 кредитни барања имале негативен износ на капитал во билансите, 72 кредитни барања биле поднесени од апликанти кои не се опфатени со Јавниот повик, односно не се микро или мало трговско друштво, трговец-поединец или занаетчија. Досега, 32 од неодобрените кредитни барања се заради недоволен капитал и резерви, 19 заради неприфатлива кредитна категорија, 6 отсто се поголеми субјекти од опфатот на Јавниот повик.

-Вкупно 15 кредитни барања се поднесени од апликанти кај кои не е исполнет условот од 20 отсто пад на приходите, додека 11 кредитни барања се поднесени од нови субјекти. Апликантите за чии кредитни барања е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик се известени електронски, по пат на е-маил, со образложение кои услови на Јавниот повик не ги исполнуваат. Известувања по електронски пат, преку е-маил, се испратени и до апликантите чии кредитни барања се одобрени, а за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите од Јавниот повик, информира Развојната банка на Северна Македонија. 

/МИА/
Next Post

Бесими – Брнз: Намалување на корупцијата, поддршка на младите и зголемување на конкурентноста

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk