Десетте приоритети од Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Забрзувајќи ги процесите за европска Северна Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време, напиша премиерот.
Предлогот на петтиот пакет, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат, рече Битиќи.
Спремни се листите на на оние кои први ќе се вакцинираат, рече Филипче. Во прва фаза се здравствените работници, па постарите возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.
Во текот на вчерашниот ден беше спроведена нова акција од страна на Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”. „Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење“, велат тие.
Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење. Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија.
Британскиот сој на коронавирусот е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство.