„Спремни се листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат. Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела. И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита”, напиша Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
„Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, вели Филипче во видео што го објави на неговиот статус.