Повеќе од 4.100 уапсени демонстранти, меѓу кои и Јулија Навалнаја, сопругата на најгласниот критичар на руската власт Алексеј Навални, е една од бројките во серијата денешни протести низ Русија, со кои се бараше на истакнатиот руски опозиционер, кој е во притвор од неговото враќање во земјата по 5 месеци лекување и престој во Германија, известува Мета.мк. Алексеј Навални во критична состојба беше префрлен во Берлин во август минатата година, откако беше отруен со нервниот отров од советско време, Новичок, јави Си-ен-ен.
Организацијата на Навални соопшти дека на протестите имало масивни апсење, односно околу 4.100 според сегашните податоци, од кои 1.080 во Москва и 796 во вториот најголем град, Санкт Петербург.