ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Србија лидер во Европа по вакцинација, трета во светот

January 31, 2021 18:22
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Србија е прва во Европа по бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители во последните недела дена, додека во светот го зазема престижното трето место по бројот на вакцинирани, пишува Слободенпечат.мк.

Ова го покажува статистиката изработена според податоците собрани од американските владини извори преку проектот Our World in Data на Универзитетот Оксфорд.

Зад Србија на листата според бројот на вакцинирани се Велика Британија која прва почна со масовно вакцинирање, како и многу други земји: Шпанија, Италија, Германија, Франција, Турција и Канада.

Од земјите во регионот единствено се издвојува Романија која се пласираше на осмото место на листата на држави во светот со најголем број вакцинирани на 100 жители, додека останатите земји од спрското соседство не се ниту во првите 20.

Инаку, како што утрово изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во Србија досега се вакцинирани 438.000 луѓе, а најави дека на почетокот на неделата ќе биде потпишан и нов договор за набавка на 11 милиони вакцини.

Таа нагласи дека Велика Британија оди на варијантата што повеќе да вакцинира, и ја одложува втората доза од ревакцинацијата дури за 12 недели, што не е случај со Србија.

-Тоа е кога во Србија сите 1.170.000 дози кои ги имаме да им ги дадеме на сите, ама со по една доза. Тогаш би минало над милион вакцинирани, но тогаш и би се надевале дали ќе ни стигнат и дозите за ревакцинација. Ние имаме поинаква стратегија, секогаш половината од добиената пратка ја одвојуваме за ревакцинација, рече Брнабиќ.

Таа потсети дека Србија има потпишан договор за набавка на 6,5 милиони дози вакцини против коронавирус. -Во понеделник или вторник ќе потпишеме дополнителен договор за 11 милиони вакцини, најави премиерката и додаде дека утре пристигнува одредено количество од вакцината на Фајзер.

Next Post

До крајот на денот обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk