Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа во однос на петтиот пакет мерки и кажа дека сите пакет мерки се донесуваат по исцрпните консултации и за оние кои најмногу им се потребни. Посебно се осврна на гласините дека нема да има субвенција за плати.
„Преовладува мислењето дека не сакаме да прочитаме како што изворно сме кажале. Никогаш оваа влада не кажала дека нема да има поддршка за стопанството, туку дека ќе продолжи зошто тие се генератор на бизнисот, дека работниците ни се битни, човечкиот капитал во дравата ни е битен. Ние и претходно сме немале субвенции за плати, ни сме имале финансиска поддршка за плати и таа поддршка имала критериуми кои треба да се исполнат за да стане субвенција или да се вратат или да стане кредит.“ – рече Битиќи.
Битиќи истакна дека со финансиската поддршка се правело кредитирање на стопанството за платите на работниците, и притоа биле запознаеме со условите како таа помош да стане неповратна. Истакна дека превладуваат два концепта во концептот за финансиска поддршка за плати.
„Еден е тој што го имавме и кој укажува како се движела помошта што сме ја давале во изминатите шест месеци. Во првиот месец кога се даваше линеарно на сите 14 500, имавме 128 000 плати беа поделени. Во декември, само 60 000 плати се поделени, толку имало барања од компаниите.“ – рече Битиќи.
Ова смета Битиќи укажува дека се користеле исти криетериуми и во април и декември. Другите податоци укажале дека големиот пад во вториот квартал го немало во третиот и четвртиот и тоа значи дека има значително заздравување.
„Треба да им помогнеме за да исплатат плати. таму каде имаат пад на приходите и нудиме нов модел, а тоа е да понудиме преку развојната банка финансиска поддршка преку кредити коишто имаат нула интерес, што значи дека каматата ја субвенционира државата. им даваме на компаниите 12 месеци грејс период, период на отплата три години, под услов, да ако покажат негативни резултати, ќе продолжат да си го враќаат кредитот како што е. Ако покажат позитивни резултати, 30% од тоа станува неповратен грант.“ – рече Битиќи.