ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема „ама“

February 1, 2021 19:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сцена од „Аквамен“. Amber Heard. во улога на принцезата Мера

Сцена од „Аквамен“. Amber Heard. во улога на принцезата Мера

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во Аквамен има сцена каде принцезата Мера (глумицата шо ме потсеќа на Бибе) си поигрува со едно девојче – од вода ѝ прави фигурички од делфини и морски коњчиња што танцувааат во фонтана, а во позадина оди She’s A Mystery од Roy Orbison. Фантастична сцена, лош филм. Ова е божественото Равело – помислив кога го гледав филмот првиот пат. Тоа е мало место на еден од ридовите од Амалфи брегот во јужниот дел од Италија. Градот лебди во воздух, небаре си на антигравитационите острови на Пандора од камеруновиот Аватар, а долу, измаглицата од морето плива во своите испарувања. Италија е тоа, Амалфи.

„Малку“ на исток и уште по јужно испарува лажниот сјај на димчева Левица како трета опција. Плива десна Левица по матни националистички води и е во мртва трка со обезглавеното ДПМНЕ. Конечно најде начин да се ослободи од единственото антинационалистичко бележје што до сега го имаше. Левица го тргна албанското – „Е majta“ од името на својата фејсбук страница. Образложението е дека за да се ја верфикуваат страницата на Фејсбук, морале да го сторат тоа. Баш кооперативно од Левица, која се бори против империјалистите како Фејсбук. Исплукаа и испотрескаа наводна идеологија, борба за социјална правда и што сè ли не, во што лажно се крстеа до скоро, само за да му удоволат на империјалистот Фејсбук.

Она пак што сè се испотреска за случајот Јавна соба е приказна за длабока анализа и на „воспитание и на образование“. Најмногу ме болат оние коментари кои осудуваат насилство, ама… Што ама? Не смее да има „ама“ во вакви ситуации. Нема „ама“! Ако во случајот со Јавна соба во фотографиите од младата Ана гледате експлицитни фотографии, тогаш си имате сериозен проблем. За какви експлицитни фотографии зборувате, вие пуританци со прикриени манијакални потенцијали.  Фотографии ли од плажа ви се екслицитни? Или научете да уживате во убавината на жените, или побарајте помош од психолог за да ги излечите мизогините и шовинистички фрустрации, не е срамота, срамота е мини сукња и купачи костим да ви се експлицитни. Не се залажувајте, Јавна соба нема да заврши со затворање на групите или со осуда на манијаците. Јавна соба ќе заврши тогаш кога ќе излезите од собите во кои се замандалени вашите предрасуди. Оној џудистот што злоупотребувал и сексуално манијачел малолетни девијчиња од Прилеп, најмногу и се израдува на Јавна соба, сите го заборавивме педофилот.

Јавно и на мегдан излезе извештајот од Транспаренси интернешнал во која државава била на дното по корупција и сл. Па ликуваат Мицковци со извештајот, Тасева се кекерави – сега ќе видите вие… и такви ѓурултии. Знаете ли која година според Транспаренси интернешнал сме биле најмалку корумпирана држава? Во лето господово ем груево 2015. Истата година кога ЕУ нè прогласи за заробена држава, Македонија е со најдобар пласман евер за корупција. Мавтајте ми со извештајот и друг пат ве молам. Толку од мене за Транспаренси.

Се мавтаа знамиња, а за УЧК и за голема Албанија се скандираше на протестот притив обвинителката Фатиме Фетаи која застана зад обвинението за свирепите убиства од случајот „Монструм“. Тотална злоупотреба на националните чувства од страна на организаторите на протестите, жално за антинационалистичката борба што ја водиме.

Злоупотребата и изместувањето со лажни вести на дискусиите во јавноста за сексуалното образование зачинето со клевети и навреди на тие што сакаа да воочат факти и вистина, е жалната слика со која се соочуваме. Фрчат деманти на лажните вести, се обидуваат активисти директно инволвирани во проблематиката да укажат на тоа, а од другата страна им врескаат со навреди.

– Откако Ирена Цветковиќ на еден пост укажува дека веста за воведување сексуално образование од второ одделение е лажна и дека сеопфатно сексуално образование се планира да се воведува во четири пилот училишта како ИЗБОРЕН предмет во 8-мо и 9-то одделение, следат навреди, и сексизсм.

– И како после да се дебатира? Со кого да се дебатираат реформите? Со овие што немаат капацитет да разберат наједноставна работа- лагата не е факт. прашува Цветковиќ.

На Захариева и бугарската политичка елита им сметало ако се воведе изборен предмет во основните училишта да биде и српскиот јазик. Им сметал и Српски културен центар во Македонија. Добро, и, што да им правиме, да се пожалиме на ЕУ дека Бугарија се меша во внатрешните работи на Македонија, да стегниме демарш до бугарска амбасада, да прекинеме преговори? Ха… ви текнува како на тоа ќе ги замава ЕУ Бугарите со… смешки. Ич не се потресувам повеќе околу Бугарија и што ќе речеле. Мене ми смета што заобиколувајќи мрчи за тоа и Зијадин Села.

И така, од она што можев да најдам, не се работи за Равело во сцената од Аквамен, туку за друго место некаде во Сицилија. Саксафонистот Даниеле Витале токму на Равело имаше снимано спот за најновата преработка, па ми скорна „јадови“.

Драч-Бари, правец Помпеја. Можеби овој пат под прво ќе успееме со Бала да си ја најдиме колата низ траектот.

Само нека стигне пролетта, тогаш е најубаво за шпартање по бел свет.

Можеби и вакцините ќе стигнат дотогаш.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Напаѓачот на Нотингем Форест се разбуди од кома по операцијата

May 15, 2025

Суд отвори кривична постапка против Асенсио

May 15, 2025

ТикТок го крши Законот за дигитални услуги на ЕУ, покажа прелиминарна истрага на ЕК

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk