За интерпелацијата што ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ против него, Николовски вели дека „партијата е симбол на корупција, симбол на организиран криминал, симбол против новата, млада генерација политичари, кои треба да се здружат и да стават крај на корупцијата“.
„Рекетарството и криминалот владееја со години и кога сакате чесно и одговорно да се борите против криминалот сите се вртат против вас. Затоа нема да отстапиме и на следните генерации ќе им оставиме функционална и нормална држава, тоа е нашата борба. ВМРО ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува на тема криминал и корупција, лидерот Груевски им е во бегство, има 30-тина функционери кои се со обвинителни акти и судски процеси. Ние продолжуваме со неселективно работење“, заклучи вицепремиерот во Дневникот на Сител.