ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Очекувам до крајот на месецов да бидат оперативни мерките од петтиот пакет

February 2, 2021 06:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сметам дека до крајот на месецов ќе бидат оперативни мерките од петтиот пакет за економска помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата за февруари да биде апликативен за евентуалната финансиска поддршка. До крајот на неделава сакаме да ја затвориме дискусијата со нашите партнери за тоа што е прифатливо, а што не. Со нив не преговараме, туку заеднички се консултираме за да донесеме заеднички решенија и заедно да имаме придобивка од нив, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во петтиот пакет, како што посочи, се планира да се замени мерката државна помош за исплата на плати, со бескаматни кредити за компаниите. Наместо субвенција од 14.500 до 21.770 денари по работник, компаниите ќе имаат на располагање бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и период на отплата од три години со вклучен грант од 30 проценти ако покажат позитивни резултати.

– Во петтиот пакет преовладуваат два концепта за поддршка на плати. Едниот е тој што го имавме, а другиот е таму каде имаат пад на приходите да понудиме нов модел, а тоа е да понудиме преку Развојната банка финансиска поддршка преку кредити коишто имаат нула интерес, што значи дека каматата ја субвенционира државата. Ние и претходно сме немале субвенции за плати, туку сме имале финансиска поддршка за плати. Со тоа правевме еден вид на кредитирање на стопанството за платите на работниците при што им кажувавме кои се условите за дел од помошта или целата да стане неповратна. Никогаш оваа Влада не кажала дека нема да има поддршка за стопанството, туку дека ќе продолжи зашто тие се генератор на развојот, дека работниците ни се битни, човечкиот капитал во државата ни е битен, рече Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Двата модела, како што истакна, се уште се на маса и ќе преовлада моделот за кој ќе сметаме дека ќе ги даде најдобрите резултати во моментов. Јануари, додаде, ќе биде изоставен од мерката, како што беше изоставен и септември во претходните мерки. Со петтиот пакет освен што ќе им се помогне на компаниите за зачувување на работните места нема да бидат заборавени ни граѓаните, извозните, домашните и странските компании, угостителството, хотелиерството, медиумите, транспортните компании особено оние кои се занимаваат со меѓународен транспорт, организаторите на настани, тутунарите, спортските клубови,…

-Очекувањата се дека петтиот пакет на мерки нема да бара нови задолжувања и да порасне јавниот долг. Кога го креиравме Буџетот за 2021 година испланиравме редовни програми низ различните ресорни министерства и дополнителни средства од 50-тина милиони евра за справување со Ковид-19. Паметното инвестирање на овие средства ќе значи дополнителни средства од финансиските институции – на пример 10 милиони евра вложени какао државна гаранција за поддршка на извозот значат 60 милиони евра кредити кај стопанството, пет милиони евра кај некој друг инструмент значат уште 30 милиони евра, рече Битиќи.

Тој изрази надеж дека кризата полека ќе спласнува и со тоа, како што рече, ќе се добие можност да се размислува за нови развојни политики и нови развојни мерки.

-Ако е потребно ќе направиме и нов пакет мерки. Со сите пакети досега заклучно со декември минатата година веќе се потрошени 360 милиони евра кои се вбризгани кај граѓаните, стопанствениците, а во јануари годинава има и дополнителни средства кои се потрошени. Инструментот тече и понатаму и ако тие кои треба да ги изгласаат законите го направат тоа навремено ќе дојдеме до фамозната сума од една милијарда евра како помош за која зборуваме. Убеден сум дека до крај на кризата не само една милијарда, туку многу повеќе средства ќе се потрошат затоа што тоа е за доброто на нашите граѓани, потенцира Битиќи.

Веќе, како што рече, се прават последните проценки за петтиот пакет со кој е предвидено и отпишување на каматите за долговите постари од три месеци.

-Првпат во независна Македонија ќе се направи ваква операција во која сакаме на граѓаните да им ги отпишеме долговите постари од три месеци што ги имаат кон сите јавни комунални претпријатија кои даваат услуги кон граѓаните, дури и кон градските управи. Станува збор за каматата, а еден од условите за нејзино отпишување ќе биде граѓанинот да го репрограмира основниот долг во период од 12 месеци и да почне да го исплаќа основниот долг, а каматата ќе се избрише без разлика колкава е. Сега за сега не се планира издавање на платежни картички за различни групи на граѓани како форма на еднократна помош, појасни Битиќи.

Next Post

Умерено облачно, на места со слаб дожд

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk