ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува бојкотот на матурантите, од МОН сметаат дека е неоправдан и штетен

February 1, 2021 07:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И оваа недела матурантите нема да се вклучат на наставата. Тие уште стојат на ставот дека се потребни измени во полагањето на државната матура, поточно да се полага со скратена наставна програма. Од ресорното Министерство пак се децидни – бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите.

Сојузот на средношколци вчера објасни дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку поради сегашната ситуација, таа да биде изменета.

Државната матура, според Сојузот, треба да се полага по скратени наставни програми и методологии. Но, како што велат, тие програми треба да се однесуваат на сите предмети, а не само на неколку.

Од Сојузот напоменуваат дека скратените наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нивните барања упатени до институциите.

Според претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, за ова нивно барање потребна е поддршка од сите пратеници и сите политички партии, бидејќи смета дека истото не смее да биде политизирано.

Сојузот на средношколци во сабота одржа состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде се дискутирало на оваа тема, а во четврток Сојузот доставил и писмо за поддршка до сите пратеници во Собранието. Тие бараат поддршка за нивните барања да бидат дискутирани во јавна дебата во Собранието.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека средношколците имаат право да си ги бараат своите права поради сите овие околности коишто се настанати од ковид пандемијата.

Министерството за образование и наука, пак, вчера излезе со реакција дека бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива.

Од Министерството појаснија дека заедно со Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 учениците кои ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет.

Тие посочуваат дека е неодговорно да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет.

Оние кои не планираат да продолжат на факултет, според МОН, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит.

-Државната матура оваа година ќе се полага по скратена и променета методологија како што МОН уште на почетокот на учебната година одлучи, а со тоа беа сложни и матурантите и средношколските здруженија и наставниците и родителите, појаснуваат во соопштение.

Направени се измени и во постојната концепција, а од МОН појаснија дека се воведени и два дополнителни изборни предмети – географија и информатика, и е усогласена проектната задача за да биде интересна за матурантите.

-Исто така, потсетуваме дека работна група во која учествуваат претсавници на средношколците и Државниот испитен центар ќе подготви целосно нова концепција за државна матура, која ќе се користи веќе од идната година и со ова за кратко време направен е голем исчекор кон подобрување на целиот концепт, посочија во соопштение од Министерството.

Тие апелираат дека образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. /МИА/.

Next Post

Oстануваат препораките за заштита од ковид-19, особено по појавата на британскиот сој

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk