Заедничките активности и начинот на соработка, соработката на гранични премини и долж граничната линија, контролата на прекуграничниот сообраќај, контрола со едно застанување, соработката за спречување и борба против криминални активности и прекршоци, беа тема на денешниот состанок кој денес го оставри директорот на царинска управа Горан Сугарески со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Како што информираат од Царинската управа, на состанокот, одржан во нивните простории била истакната добрата меѓуинституционална соработка како и идните начини за ефикасно преземање на непосредни заеднички активности за заштита на државната граница на Република Северна Македонија, зајакнување на активностите за борба против корупција, спречување и откривање на организиран и други видови криминал, олеснување и забрзување на движењето на стока и патници и поефикасно искористувње на расположивите ресурси.
J. Ѓ.