ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Доктор Солески: Тековните вакцини се доволно ефикасни на британскиот сој на коронавирусот

February 1, 2021 10:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Британскиот сој на коронавирусот, од кој стравува светот поради неговото брзо ширење, пристигна и во Северна Македонија. Мутацијата била присутна веќе еден месец, а откриена е сега, при анализи во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. На оваа тема – ковид-19 и вакцинацијата како превенција од пандемијата, во „Утрински брифинг“ со доктор Кирил Солески.

– Британската варијанта на ковид-19 беше откриена во септември во Велика Британија и се појави во 47 земји. Добра вест е што истражувачите пронајдоа дека оваа варијанта не прави полоша клиничка слика. Според истражувањата, вирусот се пренесува до 70 отсто побрзо и дека постои веројатност смртноста да е повисока за 30 отсто, но добрата вест е што тековните вакцини се доволно ефикасни за овој британски сој. Се појави и јужно-африканскиот сој кој, според првичните информации, е уште позаразен од британскиот и она што загрижува е дека мутациите може да влијаат врз начинот на кој што вирусот ќе реагира на постојните вакцини, но очекува тоа во наредниот период да биде појасно, вели доктор Солески.

– Според американскиот Центар за контрола на болести и превенција, кога се однесува на американските „Фајзер“ и „Модерна“, препораките се дека сите здрави луѓе повозрасни од 16 години може да се вакцинираат со „Модерна“. Често прашање кај нас е дали лицето кое прележало ковид може да се вакцинира и одговорорт е да, може. Исто е и со доилките и бремените жени – првичните сознанија се дека можат да ги примаат, студиите не покажале негативни ефекти. Исто е и со луѓето кои имаат автоимуни болести. Единствено за луѓето со тешки алергиски реакции не се препорачува вакцинација, истакнува доктор Солески.

Next Post

САД го осудија преземањето на власта во Мјанмар од страна на војската

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk