ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Оваа Влада никогаш нема да посегне кон цензура

February 1, 2021 12:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура. Против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура, вели премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.

Заев подвлекува дека лажните вести, односно дезинформациите, ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин ја загрозуваат безбедноста на населението.

Појаснува дека Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок, одредена сомнителна вест се проверува и доколку е лажна, веднаш се дефинираат начинот и каналите на реакција со цел да се оневозможи натамошно ширење.

– Во таа насока воведовме и активна транспарентност на институциите со цел точните информации постојано да бидат на дофат и очиглед на јавноста, со што се намалува просторот за маневар на дезинформаторите. Наоѓањето модел за справување со овој штетен феномен и најголема опасност за демократиите, е врвен предизвик со кој се соочуваат сите демократии низ целиот свет, бидејќи ризикот од овие мерки е властите намерно или ненамерно да посегнат кон цензура или кон контролирање на делови од јавниот етер, оценува Заев.

Ние сме тие, додава Заев, кои заедно со стотици илјади граѓани го ослободивме општеството од стегите на режимот и сигурно нема да бидеме тие кои ќе посегнат кон цензура.

Во интервјуто, премиерот нагласува дека Владата ја поддржува саморегулацијата во медиумскиот еснаф, како најдобар начин кој ги штити медиумите од надворешни влијанија.

– Ние веќе имаме еден добар пример на саморегулација во Северна Македонија – тоа е регистарот на веб портали кои ги исполнуваат стандардите на професионално новинарство, изработен од ЗНМ и СЕММ. Владата го препозна и поддржа овој процес како вреден уште кога беше во фаза на идеја, а денес и го користиме како ресурс за да препознаеме и одвоиме професионални од непрофесионални медиуми, односно да одвоиме веб портал што е медиум според стандарди од веб портал што е класичен извор на манипулации и дезинформации, вели Заев во интервјуто за „Капитал“.

 

/МИА/
Next Post

Државниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk