ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КОВАКС системот информираше за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја

February 2, 2021 18:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопшти деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Дополнително од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.
Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата.

Во однос на вакцинирањето, Република Северна Македонија има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници.  Системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Next Post

Во Франција во 2020 година се убиени 90 жени од нивните актуелни или поранешни сопружници

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk