Скоро секој од нас користи или користел Фејсбук, но се откажал од некоја причина. Социјалната мрежа со себе носи многу контроверзии, но и мора да се признае дека креираше револуција во интернет комуникацијата. Фејсбук е услуга за социјално вмрежување лансирана како The Facebook на 4 февруари 2004 година. Сите знаеме дека основана од Марк Закерберг со неговите цимери од колеџот и неговите колеги студенти на Универзитетот Харвард, Едуардо Саверин, Ендру Меколум, Дастин Московиц и Крис Хјуз. Иако добрите и лошите страни на Фејсбук од ден на ден стануваат повидливи, сепак има неколку факти, кои нѐ тераат да се запрашаме: „Што се се случува на оваа социјална мрежа?“
- Има над 30 милиони починати луѓе на Фејсбук чии профили не се избришани.
- Истражување покажа дека 1 од 3 личности се чувствува понезадоволна од себе, по користење на Фејсбук.
- Можете да преземете копија од сè што сте направиле на Фејсбук. Сè што треба да направите е да отидете во „Поставки“ (Settings), потоа „Вашите Фејсбук информации“ (Your Facebook Information) , па „Преземете ги вашите информации“ (Download Your Information). Ќе добиете копија од секоја објавена објава, секој разговор и буквално сè што некогаш сте направиле на Фејсбук!
- Фејсбук отстранува 7,7 милиони лажни профили, НА ДЕН.
- Фејсбук е трајно забранет во Кина, Сирија, Северна Кореја и Иран.
- Социјалната мрежа е во сина боја затоа што Марк е далтонист и не ги гледа зелената и црвената.
- Голем број од модераторите на содржина на Фејсбук страдаат од посттрауматски стрес.
- Секојдневно се прават 600.000 обиди за хакерство
- Корисниците на паметни телефони го отвараат Фејсбук во просек 14 пати на ден
- Ко-основачот Едуардо Саверин се откажал од американското државјанство.