ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров останува Вицепремиер за европски прашања, Собранието ја отфли третата интерпелација

February 4, 2021 08:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собранието доцна синоќа не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Расправата траеше 12 часа – „за“ интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 беа против, а ниту еден воздржан.

Ова беше трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години. Првите две беа додека тој ја вршеше функцијата Министер за надворешни работи.

Опозицијата го обвинуваше Димитров дека е виновен за манипулацијата на јавноста за добивање на датумот, како и потпишувањето на договорот со Бугарија, поради што сега е блокиран почетокот на преговорите со Унијата.

Повторно беа упатени низа обвинувања дека власта преговара за идентитетот и јазикот, што Димитров категорично ги отфрли и порача опозицијата да не го саботира во работата, оти тоа е на штета на државата.

Во неколку наврати, одговарајќи на обвинувањата од опозициските пратеници, кои му ја поднесоа интерпелацијата, Димитров кажа дека се чувствува како пожарникар ставен во позиција да му се правда на пироманот. За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи, рече дека станува збор за човек што е демантиран речиси секојдневно од земји-членки на Европската Унија, поради шпекулации по социјалните медиуми.

Димитров побара од опозицијата наместо да прави сопки, да помогне, но на крајот рече и дека ќе нè биде и покрај сите пречки.

„Не ми ја отежнувајте работата со постојани саботажи. Баталете ме мене, ама тоа не е добро за институцијата со која раководам, не е добро за народот и државата, а на крајот, не е добро ни за вас. Ќе завршам со цитат од првата интерпелација: ‘Ценам дека е време за делување без предрасуди, при што плиткиот национализам треба да биде заменет со визионерски патриотизам’. Јас ќе продолжам со мојата мисија – да не’ биде и ќе не’ биде, и покрај сите пречки, вклучувајќи ги тука и вашите најдобри напори“, кажа Димитров на крајот од расправата, пред гласањето за интерпелацијата.
Next Post

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk