рамките на секоја казнено-поправна и воспитно-поправна установа. Просториите треба да се во согласност со меѓународните стандарди. Евидентирање на сите пријави за тортура, малтретирање и нечовечко постапување спрема осудените лица, без разлика дали е тоа од страна на вработените лица во установата или меѓу осудените лица. Информирање на осудените лица за нивните права преку информативни летоци, постери, брошури и слично кои ќе бидат видно истакнати во сите казнено-поправни установи, стои во препораките на Извештајот.
Од Комитетот препорачаа дека треба да се обезбедат соодветни материјални услови во установите со цел овозможување на хуман третман на осудените лица.
Истакнаа дека е потребно ангажирање соодветен кадар во установите во поглед на ресоцијализацијата и развивање и имплементирање на соодветни програми за ресоцијализација.
– Овозможување пристап до образование, особено за децата лишени од слобода (оваа година била
спроведена настава само за основно образование во Затворот Охрид и ВПД Тетово кое функционираше во рамки на Затворот Охрид). Долготрајно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Затворот Куманово имајќи го предвид фактот дека водата е основно човеково право, а немањето пристап до вода, особено во услови на пандемија, претставува живеење во нехумани услови за осудените лица. Преземање напори за работно ангажирање на осудените лица и развивање на работни вештини
кои ќе им бидат од корист по истекот на издржување на казната затвор, се посочува во препораките од Извештајот.
Од Хелсиншкиот комитет наведоа дека соработка помеѓу центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување со цел постпенална помош на осудените лица.
– Обезбедување соодветни услови за децата кои издржуваат казна затвор во Затворот Охрид, кои
моментално се спротивни на сите меѓународни стандарди. Потребно е отворање на сосема нов објект или преместување на децата во ВПД Волковија. Обучување и сензибилизирање на затворската полиција за работа со деца, се посочува во препораките од Извештајот.
Во прилог е целиот Извештај за состојбата и условите во казнено- поправните и воспитно- поправните установи во РСМ за периодот 1 август – 1 октомври 2020: https://mhc.org.mk/wp-content/