Четирионаесет демонстранти од последниот протест за случајот „Монструм“ ќе добијат кривични пријави, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој истакна дека за 14 лица ќе има кривични, поради тоа што уништувале државен имот, приватни објекти и возила на полицијата, како и за напади на службени лица.
„Протестот е демократско право, но непочитувањето на законските прописи ќе бидат казнети. Ние во единицата за насилен криминал и беа идентификувани и вчера беа повикани 14 лица на разговор во полиција и ќе им бидат поднесени пријави“, изјави министерот.
Сите повикани во полиција, како што појасни Спасовски, се полнолетни, освен едно лице, кое во полициска станица било повикано со родител.
Протестот беше организиран откако Обвинителството побара највисоки казни за дел од обвинитетите за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.