ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Општина Штип обезбеди парична награда за основецот Давков, министерството постапи според законот

February 4, 2021 15:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со реакциите во јавноста по однос на информацијата за одбиениот ученик Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник – ментор Кокан Радев за доделување на парична награда по основ на освоено прво место на државен ученички натпревар, Министерството за образование и наука известува дека тоа е согласно законите за основно и средно образование, како и согласно правилниците за организирање на општински, регионални и државни ученички натпревари од страна на акредитирани здруженија на наставници од страна на МОН.

Од министерството додаваат дека на ученичките натпревари за основно образование можат да учествуваат само ученици од основни училишта и на натпреварите во средно образование да учествуваат само средношколци.

„Во конкретниот случај, се работи за ученик од основно училиште „Ванчо Прке“ од Штип, кој учествувал на натпревар за ученици од средни училишта, што не е во согласност со правните прописи кои ја регулираат оваа тематика.  Така што, при разгледување на доставената документација во МОН и увидување на фактите, Комисијата за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар, постапила согласно одредбите од законите и правилниците и ученикот и неговиот ментор се одбиени за стекнување на паричната награда.

МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај околу постапката за доделување на парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика.

Несомнено дека се работи за талентиран ученик кој заедно со својот ментор вложиле многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувале. Но, законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. Сепак, во соработка со локалната самоуправа во Штип, ученикот ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината.

Имајќи го предвид фактот дека во секоја генерација ученици има исклучителни таленти по одредени предмети и области,  Министерството за образование и наука ќе продолжи да развива нови политики за поддршка на талентираните ученици, преку обезбедување на нови и дополнителни можности за развој на нивниот потенцијал, покрај можностите кои и сега се достапни за стекнување на правото за користење на одредена категорија на стипендија и други парични надоместоци, можности за побрзо напредување и преминување од едно во друго одделение, поддршка преку покривање на трошоците за учество на меѓународни натпревари и олимпијади, можности за едукација во новоотворената Математичко – информатичка гимназија во Скопје, доделување на средства преку Фондот за иновации и програми креирани во соработка со меѓународни партнери и организации како што е UPSHIFT програмата создадена во соработка со УНИЦЕФ.“, соопштуваат од Министерството за образование

Next Post

Спасовски: Мораме сите да правиме сè да ја менуваме перцепцијата за корупцијата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk