Објавени се номинациите за 78. издание на доделувањето на наградата „Златен глобус“ кое ќе биде виртуелно и е закажано за 28 февруари, два месеца подоцна во споредба со вообичаениот датум за одржување. Водители ќе бидат Тина Феј и Еми Похлер.
Со најмногу номинации се издвојуваат неколку проекти на Нетфликс. Серијата „The Crown“ води со 6 номинации, а комедијата „Schitt’s Creek“ со 5, додека пак, светскиот хит „The Queen’s Gambit“ има 3 номинации.
Оваа година за првпат три жени се номинирани за најдобра режија, Реџина Кинг, Клои Жао и Емералда Фенел, заедно со Дејвид Финчер и Арон Соркин.
За најдобар актер во ТВ-серија, мјузикл или комедија номинирани се: Дон Чидл – „Black Monday“, Николас Холт – „The Great“, Јуџин Леви – „Schitt’s Creek“, Џејсон Судекис – „Ted Lasso“, Рами Јусуф – „Ramy“. Додека пак, за најдобра актерка во истата категорија номинирани се: Лили Колинс – „Еmily in Paris“, Кejли Квоко – „Тhe Flight Attendant“, Ел Фанинг – „The Great“, Џејн Леви – „Zoey’s Extraordinary Playlist”, Кетрин О’ Хара – „Schitt’s Creek“.
За најдобар актер во ТВ-серија – драма: Џејсон Бејтман – „Ozark“, Џош O’Конор – „The Crown“, Боб Оденкирк – „Better Call Saul“, Aл Пачино – „Hunters“ и Метју Рајс – „Perry Mason“.
Најдобра актерка во ТВ-серија – драма: Оливија Колман – „The Crown“, Џоди Комер – „Killing Eve“, Ема Корин – „The Crown“, Лара Линеј – „Ozark“ и Сара Полсон – „Ratched“.
Најдобар актер во кратка серија или филм за ТВ: Брајан Кранстон – „Your Honor“, Џеф Даниелс – „The Comey Rule“, Хју Грант – „The Undoing“, Марк Рaфало – „I Know This Much is True“ и Итан Хоук – „The Good Lord Bird“.
Најдобра актерка во кратка серија или филм за ТВ: Кејт Бланшет – „Mrs. America“, Дејси Едгар-Џонс – „Normal people“, Шира Хас – „Unortodox“, Никол Кидман – „The Undoing“ и Ања Тејлор-Џој – „The Queen’s Gambit“.
Најдобра ТВ-серија – драма: „The Crown“, „Lovecraft Country“, „The Mandalorian“, „Ozark“ и „Ratched“
Најдобра кратка серија или ТВ-филм: „Normal People“, „The Queen’s Gambit“, „Small Axe“, „The Undoing“ и „Unorthodox“.
Најдобра ТВ-серија – мјузикл или комедија: „Emily in Paris“, „The Flight Attendant“, „Schitt’s Creek“, „The Great“ и „Ted Lasso“.
Најдобар филм: „The Midnight Sky“, „Tenet“, „News of the World“ и „Mank“.
Најдобар анимиран филм: „The Croods: A New Age“, „Onward“, „Оver the Moon“, „Soul“ и „Wolfwalkers“.
Најдобар филм – мјузикл или комедија: „Borat Subsequent Moviefilm“, „Hamilton“, „Music“, „Palm Springs“ и „The Prom“.
Најдобар филм – драма: „The Father“, „Mank“, „Nomadland“, „Promising Young Woman“ и „The Trial of the Chicago 7“.
Најдобар странски филм: „Another Round“, Данска, „La Llorona“, Гватемала/Франција, „The Life Ahead“, Италија, „Minari“, САД и „Two of Us“, Франција/САД.
Најдобро сценарио: Емералд Фенел – „Promising Young Woman“, Џек Финчер – „Mank“, Арон Соркин – „The Trial of the Chicago 7“, Флоријан Зелер, Кристофер Хамптон – „The Father“ и Клои Жао – „Nomadland“
Најдобра оригинална песна: „Fight for You„ – „Judas and the Black Messiah“, „Hear My Voice“ – „The Trial of the Chicago 7“, „IO SI (Seen)“ – „The Life Ahead“, „Speak Now“ – „One Night in Miami“ и „Tigers & Tweed“ – „The United States vs. Billie Holiday“.
Најдобар актер во филм – мјузикл или комедија: Саша Барон Коен – „Borat Subsequent Moviefilm“, Џејмс Корден – „The Prom“, Лин-Мануел Миранда – „Hamilton“, Дев Пател – „The Personal History of David Copperfield“ и Енди Самберг – „Palm Springs“.
Најдобрa актерка во филм – мјузикл или комедија: Марија Бакалова – „Borat Subsequent Moviefilm“, Кејт Хадсон – „Music“, Мишел Фајфер – „French Exit“, Розамунд Пајк – „I care a lot“ и Ања Тејлор-Џој – „Emma“.
Најдобар актер во филм – драма: Чадвик Боузман – „Ma Rainey’s Black Bottom“, Риз Ахмед – „The Sound of Metal“, Ентони Хопкинс – „The Father“, Гери Олдман – „Mank“ и Тахар Рахим – „The Mauritanian“.
Најдобра актерка во филм – драма: Вајола Дејвси – „Ma Rainey’s Black Bottom“, Андра Деј – „The United States vs. Billie Holiday“, Ванеса Кирби – „Pieces of a Woman“
Френсис Мекдорманд – „Nomadland“ и Кери Мулиган – „Promising Young Woman“.
Најдобар режисер: Дејвид Финчер – „Mank“, Реџина Кинг – „One Night in Miami“, Арон Соркин – „The Trial of the Chicago 7“, Клои Жао – „Nomadland“ и Емералд Фенел – „Promising Young Woman“.
Целосната листа може да се прочита на овој линк. /МЕТА/