Денес Општина Штип ја одбележа 149 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, апостол и херој, Гоце Делчев, информираат од Општина Штип
Оттаму истакнуваат дека по тој повод градоначалникот Д-р Сашко Николов заедно со општинска делегација положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Ново Село, пред ректоратот при УГД Штип.
„Оддаваме почит кон неговите дела и го чествуваме денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев“ велат од Општина Штип.





