ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преку проектот МСИП реализирани 99 проценти од капиталните инвестиции во 32 општини

February 4, 2021 12:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
За 2020 година реализирани се 99 проценти од планираните капитални инвестиции преку единицата на Министерството за финансии за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, со поддршка од Светска банка, информираат од Министерството за финансии.

Со проширувањето на буџетот на МСИП за 2020 година, капиталните расходи, како што наведуваат во соопштението, се проектирани на 654 милиони денари, од кои се реализирани 646 милиони денари.
Станува збор за капитални инвестиции во 32 општини од целата држава, и тоа во образовниот сектор преку изградба, доградба и реконструкција на градинки во Пехчево, Гостивар, Кисела Вода и Центар, потоа во подобрување на инфраструктурата преку изградба на улици во урбани и рурални средини, како и изградба на атмосферски канализации во Делчево, Центар Жупа, Василево, Ресен, Кисела Вода, Маврово, Студеничани, Шуто Оризари и Ѓорче Петров. Воедно, реализирани се проекти за изградба на атмосферска канализација во Кисела Вода, изградба на филтер станици во Врапчиште, одделување на атмосферската од фекалната канализација во Гевгелија, со што се придонесе за подобрување на животната средина, но се инвестираше и во комунални возила со цел подобрување на хигиената во целата држава.
Во 2021 година, најавуваат од Министерството за финансии, преку проектот МСИП треба да се реализираат капитални инвестиции во износ од 800 милиони денари.
Појаснуваат дека во тек е реализација на проектот за прошување на гасоводна мрежа во општина Струмица, регулација и уредување на коритото на Крива Река во Крива Паланка, изградба на пречистителна станица и примарна и секундарна водоводна мрежа во општина Гази Баба, регулација на речно корито во Липково, потоа реконструкција на улици во Долнени и Кочани, реконструкција на основно училиште во Ресен, како и низа други проекти со чија реализација ќе се подобрат општинските услуги.

Воедно, во рамки на годинашниот буџет на МСИП за капитални инвестиции, предвидено е да започне реализацијата на Проектот за подобрување на енергетската ефикасност во државата. Со усвојување на Законот за задолжување за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во висина од 25 милиони евра, којшто во моментов е во собраниска процедура,  средствата од заемот ќе се доделуваат на општините и на јавните здравствени установи за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради.

За овој проект, општините ќе треба да аплицираат на јавниот повик којшто Министерство за финансии ќе го објави по усвојување на Законот. /МИА/

Next Post

Царовска: Образованието не се базира на историја, концепцијата нема никаква врска со надворешно-политички прашања

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk