ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Очекуваме сите пратеници да поддржат воведување на кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“

February 4, 2021 09:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

СДСМ се залага за институционално делување против секаков вид на насилство и заштита на жртвите, особено имајќи ја предвид појавата на нови видови на кривични дела, поврзани со брзиот развој на социјалните мрежи и новите дигитални платформи и медиуми. За да обезбедиме простор за поширок фронт против секој вид на насилство, Министерството за правда подготвува измени и дополнувања на Кривичниот законик со воведување на две нови кривични дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување’, соопштија од СДСМ.

„По разгледување на предлог измените и дополнувањата, очекуваме конструктивна дебата и поддршка од сите пратеници за усвојување на новиот Кривичен законик.

Само на овој начин ќе спречиме нови „Јавни соби“ само на тој начин ќе обесхрабриме нови насилства и посегнување по личните слободи на граѓанките и граѓаните.

Не смееме и нема да дозволиме ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да останат неказнети.

Апелираме Обвинителството и судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално со случајот Јавна соба, но и со други случаи на физичко и сексуално насилство и да бидат суштински дел од институционалниот одговор во санкционирањето на полово и родово базираното насилство.

Жртвите на секаков вид насилство треба да знаат дека не се сами, државата, институциите се тука за да ги заштитат, но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство.

СДСМ останува силно посветен на градење праведно и правично општество, во кое нема место за какво било физичко, психичко или сексуално вознемирување, кое е насочено кон спречување на насилството и на адекватна заштита на жртвите“, пишува во партиското соопштение.

Next Post

Царовска: Државната матура е дел од законско решение и јас како министерка морам да ја спроведам

НАЈНОВО

Фото: КФСМ

Илиевски по победата над Унгарија: Напредуваме, но ништо не може преку ноќ

August 21, 2025

Годишната инфлација во ЕУ во јули 2,4 проценти

August 21, 2025

Активни пожарите во „Јасен“ и кај селата Беловодица и Церово, затворен патот Скопје – Македонски Брод

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk