ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието не ја прифати интерпелацијата за Никола Димитров

February 4, 2021 00:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вечерва не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.  По 12-часовна расправа, „за“ интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 против и ниту еден воздржан, објави државната новинска агенција МИА.

Дебатата помина со многу обвинувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, која побара Димитров веднаш да поднесе оставка.

Ова е трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години, првите две беа во својство на шеф на дипломатијата.

– Ако на првите две интерпелации им пристапив со должна сериозност, на оваа третава не можам, а да не ѝ пријдам со индигнација. Токму затоа и не одговорив написмено. За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по секоја цена? По цена на македонскиот јазик? Дали дами и господа можеби тоа го сакавте? За да можете да ја пласирате тезата за предавство на националните интереси? Оти вака таа теза не поминува. Тоа ако го барате од мене, тогаш веднаш да ви кажам  –  тоа никогаш нема да го испорачам,  истакна Димитров во обраќањето пред пратениците.

За владејачката СДСМ интерпелацијата е неаргументирана и со неа ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги амортизира владините успеси на надворешен план. Мартин Костовски од СДСМ вечерва нагласи дека оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ. – Димитров ужива целосна доверба од пратениците од мнозинството затоа што се бори за државните интереси, рече Костовски.

Моника Зајкова од ЛДП попладнево истакна дека интерпелацијата за работата на Димитров е уште еден доказ за, како што рече, поривот на опозицијата да лови политички поени и таму каде што ги нема или „лов во празно“. Се задржа на работењето на Димитров, кое според неа, е за доброто на државата, за граѓаните и за иднината на младите.

Арбер Адеми од ДУИ рече дека не гледа оправданост во поднесената интерпелација. – Ќе продолжиме напред заедно во изнаоѓање на цврста рамнотежа меѓу загриженоста на нашиот и на почитување на идентитетот на нашите граѓани, истовремено обезбедувајќи иднина да остане отворено за напредок и благосостојба, подвлече Адеми.

Вицепремиерот Димитров рече дека излагањата, темите и личните напади денес му ја потврдиле тезата дека интерпелацијата нема многу тесна врска со неговата реална работа.

-Одговорив за учеството во Комисијата. Не бев уредно поканет, не морав да присуствувам. Сакав, не одбив учество и покрај несериозниот однос на претседателот на Комисијата. Објаснив за разликите во мојот пристап кон јавноста, во моите меѓународни активности што е чесен и успешен за разлика од често вашиот, не баш чесен и дефинитивно неуспешен, рече Димитров, додавајќи дека ќе продолжи со неговата мисија .

-Ќе продолжам со мојата мисија да не биде и ќе не биде и покрај сите пречки, вклучувајќи ги тука и вашите напори, како овој денешниов, рече Димитров.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека има се уште време и побара да се обратат уште двајца пратеници, Дафина Стојаноска и Владо Мисајловски. На ова барање претседателот на Собранието Талат Џафери не се согласи, апелираше да се почитува веќе договореното за редоследот на пратениците, беше дадена пауза од 30 минути, по што следеше гласањето.

Next Post

Вакцинацијата ќе почне во февруари со 200.000 кинески вакцини, датумот ќе биде познат деновиве

НАЈНОВО

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk