ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Застапување или претставување на политичка партија со закон ќе се забрани во Армијата

February 4, 2021 16:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воениот и цивилниот персонал на служба на нашата Армија не смее да раководи, да ја застапува и претставува било која политичка партија и да биде член на органи на партија утврдени со нејзиниот статут.

Ова се предвидува во измените и дополнувањата на Законот за служба кој наскоро треба да се најде пред пратениците, а доби зелено светло од Владата.

Целта на овој закон, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска е да не се доведе во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршење на работите во Армијата и во Министерството од страна на воениот и цивилниот персонал. Дополнувањето е по пример на решението во Законот за внатрешни работи.

Измените во законот предвидуваат и вонредно унапредување на воените старешини распоредени во министерството за одбрана и генералштабот на Армијата кои претходно немале таква можност бидејќи Законот не предвидувал постапка за вонредно унапредување за старешините во Министерството и ГШ.

Армијата веќе има законска можност за стипендирање на студенти со критички специјалности за потребите на Армијата, а новите измени предвидуваат стипендирање од 30 до 80 проценти од просечната плата и еднократна награда  за повисоки стипендии од 50 отсто за оние кои ќе имаат просек над 8 и 100 проценти за просек над 9.

Офицери кои не ги исполнуваат целосно условите за пензија 55 години старост и 40 години стаж со измените во законот ќе можат да одат во пензија.

-Ако има некој на пример над 55 годни, а има 38 годни стаж или 45 годни стаж, а нема 55 годни старост и има интересе од нивна страна да заминат во пензија и од наша заради нивата формација, но ПИОМ не дозволуваше бидејќи едниот од условите не го исполнуваа. Сега ќе можат и тие да одат во пензија со 80 проценти од 10-те најдобри години со плата. Доколку им фали некоја година стаж, основицата за пензиско им се намалува за 0,5 отсто, појасни министерката Шекеринска.

Со првите измени од Законот за служба во 2020 година, меѓу другите придобивки, секој припадник на Армијата месечно добива надоместок од околу 8.000 денари за станарина, а по зголемувањето на платите на воените лица, зголемување од 16 проценти добија и цивилните лица во Армијата. Со закон се укина и условот за прием во служба како професионален војник, одредбата доброволно служење на воен рок. Минатата година беа воведени и условите за пензионирање каде се зголеми и износот на пензијата односно се пресметува 80 проценти од најдобрите десет години со плата.

 

/МИА/

Next Post

Скопското обвинителство поведе постапка против припадници на МВР за случајот со возачките дозволи

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk