ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деми Мур кај Наоми Кембел: Голата фотографија во „Венити фер“ го промени светот (ВИДЕО)

February 5, 2021 10:15
in LIFESTYLE, ДЕНЕС, СЦЕНА

Во гостување на Јутјуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во „Венити фер“ од 1991 година.

Имено, Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот.

– Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот… На жените, на нашата „дозвола“ да си „ја прегрнеме“ својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси и – да не се обидувам да бидам ништо друго освен – самата јас, се потсети глумицата.

Родителството е голем дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната своја актерска кариера за да им се посвети на своите три ќерки и нивното воспитание. Инаку, таа ги има Скаут, Талула и Румер Вилис со поранешниот сопруг Брус Вилис.

– Само одлучив дека тие треба да бидат во средиштето и да бидат на едно место. Просто, требаше да направам пауза!, рече таа во една прилика.

Неодамна имаше слична можност да се поврзе повторно со своите деца, но и со новото семејство на Вилис – неговата сопруга Ема и нивните две ќерки Мејбел и Евелин, за време на пандемијата и карантинот.

– Моите ќерки ги сакаат своите помали сестри и за мене, тоа е наше семејство – без разлика во каков облик е и важно е да се чуваме сите заедно. И за малите да се чувствуваат пријатно со мене и да ме познаваат, за да ги знаат и своите сестри подобро. Беше навистина слатко и си поминавме доста „откачено“, додаде таа.

Next Post

СДСМ: Пописот ќе донесе прецизни и целосни податоци за сите структури во општеството

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk