„Сите љубители на велосипедизмот можат да се согласат дека Скопје, полека но сигурно станува град кој ја добива потребната инфраструктура за користење на своите велосипеди како превозно средство дури и во зимскиот период од годината. Поволните климатски услови и местоположбата на градот, заедно со сите нови вело патеки кои ги спојуваат речиси сите населби во Скопје, го прават идеалниот избор за транспорт да биде токму велосипедот.“, известуваат од Град Скопје, објавуваќи фотографии од велосипедисти на велопатеките низ градот.
Љубителите на ова превозно средство ќе заштедат време и гориво, а истовремено ќе придонесат за подобрување на животната средина, јакнење на својата кондиција и подобрување на своето расположение.