Со поддршка на ФИТР реализиран проектот за интелигентни лежечки полицајци.
Од ФИТР известуваат дека оваа иновација беше наградена и на меѓународен натпревар во Тајван
„Доколку возиш во рамки на дозволената брзина ќе поминеш глатко над него. Доколку возиш над дозволената брзина, интелигентниот лежечки полицаец го препознава тоа и го „удира“ возилото како што би направил и традиционалниот лежечки полицаец.“, објавуваат од ФИТР.





