ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има

February 6, 2021 12:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има. Но, делот којшто го разговараме е моделот којшто ќе биде општо заедно прифатено и затоа веќе 10-ина дена непосредно комуницираме со синдикати, со комори, ги слушаме нивните забелешки и најверојатно во брзо време, да не кажам утре, задутре, ќе донесеме одлука кој е најприфатливиот дел којшто ќе одговори на тие на кои навистина им е најпотребен, истакна на денешната прес-конференција заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори Фатмир Битиќи.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со субвенциите за плати за компаниите, нагласи дека никогаш не е кажано оти финансиската поддршка за плати ќе се укине.

– Ќе повторам само неколку факти. Кога финансиската поддршка за плати беше воведена во април месец за поддршка на платите во април месец имавме 128 илјади вработени поддржани со таа мерка. Тогаш јасно беше кажано дека со уредбата ќе се подржат компаниите коишто имаат пад над 30 отсто и притоа финансиската поддршка ќе стане неповратна ако они инвестираат во човечките кадри, ако инвестираат во нови технологии, ако инвестираат во стандардизација на процеси итн. Значи, имаше услови коишто треба да се исполнат за да стане неповратна и ако финансиските резултати на крај на годината на тие компании коишто ја имаат искористено помошта е позитивна они ќе треба да вратат одредени средства. И затоа таа продолжи во мај, во јуни, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека бројот на вработени коишто биле поддржани со плати опаѓал од месец во месец, за да се дојде во месец декември, кога беше шестиот месец на субвенции во стопанството,  до 60 илјади вработени кои се некако поддржани со мерката финансиска поддршка на плати.

– Тоа укажува дека компаниите коишто се директно погодени од ковид или е паднат или падот не е над 30 отсто затоа што нема друг логичен аргумент и констатација од сето тоа затоа што бројот на компании опаѓа, бројот на вработени коишто бараат опаѓа и кумулативно што е уште еден дополнителен факт ние во финансиската поддршка за плати во октомври, ноември и декември направивме скалеста поддршка во која што на најпогодените, тие коишто имаат 80 отсто пад и повеќе им дававме бруто минимална плата од 22 илјади денари. Компаниите коишто тоа го имаат искористено е минимален или на ниво на статистичка грешка 3 до 5 отсто од  вкупниот број. Сите други спаѓаат во категоријата околу минималната плата или просечната поддршка добиена во трите месеци на крај на годината со финансиската поддршка на плати е 15.800 наспроти 14.500 во првите три месеци кога ја дадовме поддршката, образложи Битиќи.

Тој нагласи дека финансика поддршка за плати ќе има оти на нив им се важни важни граѓаните, важно им е секое работно место.

– Треба да разбереме дека од 2021 година, како што сме денеска со овој повик, е да докажеме дека ќе помогнеме на различни начини затоа што веќе знаеме кои се очекувањата, знаеме што не очекува понатаму, знаеме дека влегуваме во период на заздравување и на раст на економијата и ние тоа го велиме дека во тој приод мораме сите заедно да прифаќаме, некогаш можеби и неконвенционални начини на поддршка. Ние знаеме дека Развојната банка секогаш сме ја гледале да субвенционира камати, но Развојната банка треба да го поддржи развојот во државата и затоа велиме дека сега е време без одложување Развојната банка да си ја има својата улога во општеството. ФИТР да си ја добие својата улога во општеството. Дали некој ќе рече сега треба да се инвестира во технолошки развој – да, сега треба да се  инвестира. Дали сега треба да се инвестира во луѓето – да сега треба да се инвестира затоа што ова е можност во којшто ние или ќе ја зграпчиме можноста за да се приклучиме кон развојните економии или ќе останеме таму кај што веројатно никој не посакува, потанцираше Битиќи.

Во однос на тоа колкав број на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, вицепремиерот нагласи дека во земјава има 180.000 блокирани сметки.

– Се прават последните калкулации, се собираат информации од сите јавни претпријатија, но само еден податок мислам дека треба и вреди да се земе во предвид, во Македонија има 180 илјади блокирани сметки на нашите граѓани. Тоа се 180 илјади семејства коишто не можат да функционираат нормално. Најмалку бројот на тие којшто ќе биде опфатено со оваа мерка е 180.000 но претпоставуваме дека затоа што уште сите податоци не се стигнати од сите јавни претпријатија, јавни комунални претпријатија, УЈП итн. бројот ќе биде многу, многу поголем, посочи Битиќи. /MИА/

Next Post

Отворен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk