ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пановски: „Оксфорд – АстраЗенека“ е најевтината вакцина против ковид, но е безбедна и ефикасна

February 6, 2021 19:37
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Откако неколку европски земји советуваа да не се аплицира вакцината „Оксфорд –  АстраЗенека“ на лица над 65 години, Швајцарија одби да ја одобри оваа вакцина против ковид-19, поради, како што велат, недостиг на податоци за истата и за која се потребни нови студии. Домашните здравствени експерти велат дека нема сомнеж дека вакцината е безбедна, па затоа и нашите здравствени власти ќе ја набават, а првите дози ќе стасаат идниот месец.

Дали населението може да биде спокојно? Колкава е ефикасноста на оваа вакцина? За ова, поразговаравме со професорите Никола Пановски и Драган Даниловски. Тие за „Мета“ велат дека, и покрај тоа што вакцината на „АстраЗенека“ е поевтина од другите, таа е ефикасна и безбедна. Всушност, токму ниската цена на оваа вакцина е нејзинот главна предност, бидејќи е достапна за земјите во развој кои се соочуваат со економски потешкотии поради пандемијата. „Оксфорд-АстраЗенека“ е вакцината која е достапна преку КОВАКС системот имплементиран од „Гави“ алијансата за имунизација и Светската здравствена организација.

„Факт е дека оваа вакцина е драстично поевтина вакцина од другите. Околу 8 долари чини двојна доза. Десет пати е поевтина од кинеските вакцини, а пет пати е поевтина од вакцината на „Фајзер“. Вакцината на „АстраЗенека“ е многу повтина од сите вакцини, вклучително и од руската. Не е испитана во клинички студии во однос на ефикасноста кај лица над 65 години, иако се очекува дека ќе делува и кај нив. Затоа неа ја даваат на помлади, а „Фајзер“ и „Модерна“ ја примаат повозрасни граѓани. Ако ние набавиме 100 илјади дози кинески вакцини, нив би ги примиле повозрасните граѓани, а овие на „АстраЗенека“ ќе можат да се дадат на помлади лица од 65 години“, вели Пановски.

Според професорот нема докази дека станува збор за штетна вакцина, ниту пак, се очекува дека ќе даде несакани ефекти.

„Нема да има нус појави, не е токсична, туку едноставно, само не се знае каков би бил ефектот кај повозрасни лица. Може на лице над 65 години имунитетот да му е послаб и тоа да биде причина да не создаде ефикасност вакцината. Колкав е процентот на заштита кај овие лица, не е испитано“, додава Пановски.

Предноста на вакцината на „АстраЗенека“ е во тоа што не треба да се чува во специјални услови, туку во обичен фрижидер. Исто така, втора доза не мора да се даде по три-четири недели, туку тоа може да се направи и по три месеци, бидејќи првата доза доволно заштитува.

Професорот епидемиолог Драган Даниловски, вели дека вреди да се прими и „АстраЗенека“.

„Хипотетично (карикирам), 1.000 пати да е полоша некоја вакцина, пак вреди да се земе, затоа што опција е да се фати вирус, кога-тогаш. Таа опција не е прифатлива. За никого, освен за младите под 18 години. Веројатноста да се остане со трајни последици по здравјето после инфекција е многу висока. Една третина од сите што прележале, ќе имаат намален витален капацитет на белите дробови, независно од тежината на симптомите“, вели Даниловски.

Во меѓувреме податоците на Оксфорд кои се објавени неделава, зборуваат дека вакцината е 76 отсто ефикасна и тоа по само една примена доза. И британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вакцината е многу добра и ефикасна во сите возрасни групи.

 

извор мета.мк

Next Post

Велика Британија досега вакцинира 11 милиони луѓе

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk