„Во целиот овој процес со вакцините довербата на граѓаните ќе влијае на процентот на вакцинирани. Ако ги уверите дека сте донеле вистински одлуки во вистинско време, дека сте внимавале и сте посветиле време, толку поголема ќе биде довербата кај граѓанител, а поголем бројот на вакцинираните. Од август се отвори дилемата колку брзо ќе се произведуваат вакцините. Ние летото не можевме да почнеме да преговараме со некој производител, сите беа во некаква почетна фаза. И затоа Владата не можеше да влезе во договор со никого. Сега сме во ситуација да обезбедиме вакцини од три производители, знаеме дека има граѓани кои нема да се вакцинираат, но ние ќе имаме вакцини доволно.“- истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Нагласи дека не е важно само прашањето кога ќе пристигнат првите вакцини, туку уште поважно е како да се обезбеди тек на вакцинацијата, односно кога ќе започне да има континуитет до самиот крај, без да има прекини.