ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче:Вакицнацијата е силно оружје против пандемијата, но здравствените мерки и понатаму мора да се почитуваат

February 7, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Вакцината на кинескиот производител Синофарм е класичен модел на вакцина, министерот за здравство д-р Венко Филипче, на вчерашната пресконференција ги објасни карактеристиките на оваа вакцина со која ќе започне имунизацијата против Ковид 19 во нашата земја.

-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини.

Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ.

Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена.

Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и  самата апликација на вакцината – изјави министерот.

Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка…, досега се дадени повеќе милиони дози, со потврдена ефикасност над 90% и безбедност во смисла на многу мал процент на несакани реакции.

-За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Заштита од оваа доза се обезбедува со две дози вакцина – објасни Филипче.

Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Со набавката на вакцината на Синофарм обезбедена е  доволна количина за вакцинацина во следните 6 до 7 недели од моментот на започнување на вакцинацијата. Според најавите од Ковакс механизмот и производителот Фајзер, очекуваме во тој период пристигање и на дел од тие обезбедени вакцини, за што здравствениот систем е подготвен за прием, дистрибуција и вакцинација.

Министерот Филипче, упати апел до граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би ги заштитиле од ризик.

-Да не заборавиме целта на вакцинацијата е намалување на смртноста кај ризичните групи.Би сакал да потенцирам дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните – изјави Филипче.

Имунизацијата е силно оружје во борба против ковид пандемијата, но и понатаму задолжително треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, порача министерот.

Next Post

Инвестиција на компанијата „Конти хидропласт“ помогната преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk