ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британскиот сој на Ковид -19 се шири низ Северна Македонија

February 8, 2021 20:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси педесет заболени од овој сој откри лабораторијата во МАНУ. Заболени има во десетина града низ државата.Во Прилеп и Охрид најголем број. Медицискиот персонал од Клиниката за нефрологија не е заразен од оваа мутација на Ковид-19. 22 лица починаа во последното деноноќие

Расте бројот на заболени од британскиот сој на коронавирусот во Македонија. Досега во лабораторијата на МАНУ се потврдени 45 случаи. Мутацијата е дететктирана во повеќе градови низ државата а најмногу заболени од овој тип на вирусот се од Прилеп и Охрид.

„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес“, соопштија од здравство.

Но ова не се сите градови во државата каде се потврдени заболени од оваа мутација. Потврда имаше за 46 годишен скопјанец дека е носител на овој тип на вирус, кој веќе се води како оздравен а првите симптони ги имал непоредно пред Новата Година. Британскиот сој сега е дететктиран и кај четворица кавадарчани, кои сега веќе се водат како оздравени како и кај пациент од Куманово.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство во последните пет дена во Кавадарци се регистрирани 123 новозаболени, а во истиот период бројката на оздравени е релчиси двојно помала – 66 пациенти.

Кавадарци е трет на листата по број на активни случаи во моментов, по Скопје и Охрид, со 336 заболени.

Лекарите и медицинскиот персонал од Клиниката за Нефрологија, вкупно 29 лица, не се заболени од британскиот сој, потврдија анализите во МАНУ.

Британскиот сој на вирусот се појави во септември минатата година а истражувањата покажуваат дека овој сој, поради мутацијата, многу побрзо и полесно се шири меѓу населението бидејќи протеинот што ја обложува клетката на вирусот му овозможува побрзо да навлезе во клетките на организмот. Засега нема копнкретен доказ дека има поголема стапка на смртност кај заболените од оваа мутација.

Во последното деноноќие регистирани се дури 22 жртви и 75 новозаболени. Направени се 726 тестирања од кои 10-,3 отсто се позитивни. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 2.946 лица а во монетов како активни се водат 6.486 случаи.

Next Post

Вечерен преглед: Словачка со подадена рака поддршка на нашиот европски пат,се очекува следната недела стигнат антиковид вакцините од „Фајзер“, како народ од се правиме политика

НАЈНОВО

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

Божиновска-Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk