ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наредба за истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

February 8, 2021 15:53
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Донесена е наредба за спроведување истражна постапка во врска со слуајот Еуростандард банка против четри лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, ваквата наредба е донесена од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од ЈО појаснуваат дека осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје, во периодот од 2018 година до 2019 година, ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот.

-Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720,00 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени,појаснуваат од Јавното обвинителство.

Додаваат дека осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица. Во соопштението се истакнува дека спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.

-​По донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе сите неопходни процесни дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка.,наведуваат од Јавното обвинителство.

 

/МИА/
Next Post

Како корона вирусот ги експлоатира најлошите аспекти на екстремната нееднаквост

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk