ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Словачка недвосмислено, јасно и принципелно ја поддржува Северна Македонија за почеток на преговори

February 8, 2021 11:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Словачка јасно и недвосмилено гласно ја нагласува поддршката на нашата земја за влез во ЕУ, а оваа поддршка е посебно значајна за нас во овие комплексни моменти кога ЕУ не успеа да постигне консензус за нашиот напредок. Токму тогаш гласната поддршка од нашите пријатели е знак на оптимизам, не само меѓу политичарите туку и администрацијата и сите прогресивни сили во земјата, истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок кој престојува во работна посета на земјава.

– Поддршката од Словача е јасна, недвосмислена и принципиелна. Северна Македонија заслужи почеток на преговори, за што има одлука донесена со консензус во март минатата година. Можам да се согласам дека не треба во ЕУ да внесуваме недоразбирања, но во исто време објективен е впечатокот кој се создава и кај нас и кај останатите земји во регионот дека процесот на интеграција станува непредвидлив, нејасен или попрецизно е вид подвижна мета која не наградува според учинок туку според актуелните политички околности, рече, меѓу другото, Османи.

Османи информираше дека Владата го прифатила предлогот за отворање амбасада во Братислава, но не само како симболика, туку како суштински придонес и засилување на нашето пријателство.

Словачкиот министер за надворешнни работи Корчок ја истакна поддршто оваа земја ја дава за почеток на преговори со ЕУ изразувајќи надеж дека членките на ЕУ ќе постигнат консензус за време на португалското претседателство со ЕУ.

Корчок исто така кажа дека отворањето на македонска амбасада во Братислава ќе значи унапредување на односите помеѓу двете земји, не само на политички туку и на економски план.

На средбата се разговарало и за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно унапредување во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план.

Османи му се заблагодари на словачкиот министер за надворешни работи Корчок за четирите медицински вентилатори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија (NATO Pandemic Response Trust Fund – PRTF), што како донација од Совак еид (Slovak Aid) ќе ни биде предадена денескана Меѓународниот аеродром во Скопје.

Покрај средбата во Министерството за надворешни работи, Корчок ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Посетата на словачкиот министер е во рамки на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан и ангажманите на Словачка за обезбедување европска перспектива за регионот. Корчок турнеата ја започнува токму од Скопје.

 

/МИА/

Next Post

Филипче го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина, 200.000 дози пристигнуваат овој месец

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk