ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025 17:43
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и  Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

„Во сите места во крушевксиот регион има што да се види. Што Томе со својата посветена, искрена, чесна работа и со својата визија за развој на регионот, има направено-асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици.Се направи за Крушево да го постави на мапата на туризмот, не само во Европа, во светот, посебно во еден спорт – тоа е параглајдерството. Со инвестицијата за параглајдерството која се направи изминатите години, од едно  запуштено место, стане место во кое што се одвиваат европски и светски првенства по параглајдерство. И тоа е Томе со неговиот тим“, рече Филипче.

Во изјавата за медиуми тој додаде дека Крушево е рекордер по реализација на проекти. Во мандатите на Христоски се реализирани преку 70 капитални инвестиции. Како што кажа Филипче, само 80 гласа му фалеа на Христоски за победа во првиот круг, што ја  потврдува неговата успешна работа како градоначалник, но и јасно ја изразува волјата на граѓаните на Крушево дека тој треба да продолжи да ја води општината.

Филипче нагласи дека неговиот противник од ВМРО-ДПМНЕ  со своето однесување нема да може да ја поништи волјата на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ со закани, со уцени, со поткуп, сметам дека нема да може што и да направат нешто и да ја поништат очигледната волја на граѓаните, коишто сакаат да видат уште еден мандат на Томе и неговиот тим, тим којшто не прави никаква поделба, ниту по политичка, ниту по етничка припадност. Овој регион, оваа општина, овие места, Крушево заслужува само само градоначалник како Томе и неговите советници, за да овој регион продолжи да се развива така како што тоа беше во измитнатите години“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Next Post

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk