Премиерот Заев остро реагира дека треба да им се стави крај на барањата за предвремени избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија. Според него државата се движи по патот на европеизацијата.
Немаме право стратешките проекти, каков што е Универзална сала, да ги врзуваме за нашите мандати. Нашите мандати се променливи, а тоа се работи што треба да останат. За Универзална сала минатата година имаше сериозна дебата во јавноста, вели Шилегов.
Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“, чија цел е на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.
Нема поголем извор на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски што беше потврдено и со студија финансирана од Европската Унија. Од почетокот на пандемијата, па се до денеска, ВМРО-ДПМНЕ прави се за до го поткопа здравствениот систем во државата, а во таа насока се и денешните небулози пласирани од белиот дворец, соопштуваат од СДСМ.
Микробиологот Никола Пановски смета дека попишувачите треба да го попишуваат населението во дворовите или на терасите. Тој предлага први за непосредниот дел од пописот да бидат оние стотина илјади кои веќе прележаа коронавирусот.
Започнува исплатата на Мој ДДВ, кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра, велат во соопштение од СДСМ.
Договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина треба да се потпише во текот на денешниов ден и се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава, иако засега нема подетални информации кога би пристигнале.
Секторот за финансиски услуги во Република Северна Македонија е подготвен за финтек-трансформaција.
По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие, матурантите организирани од Сојузот на средношколци денеска се враќаат на настава.