ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска: МТСП продолжува со силна поддршка на работата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа

February 8, 2021 17:47
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа (БЗР),проф. Д-р Чаловска и проф. Д-р Караџинска Бислимовска , членка на Советот на БЗР.

На средбата се разговараше за значењето, начинот на работа и дејствувањето на Советот за безбедност и здравје при работа, како највисоко експертско советодавно тело на Владата на Република Северна Македонија.

Претставничките на Советот информираа за досегашната работа и реализирани активности во рамки на Советот, кои во изминатата година воглавно беа во знакот на заштитата и справувањето со ризиците поврзани со пандемијата на КОВИД-19.

„Безбедноста и здравјето при работа има огромно значење за нас како општество и затоа треба сите ние заеднички да работиме на негово унапредување и во легислативна смисла, но и во неговата имплементација,“ посочи министерката Шахпаска.

Таа ја истакна важноста на подготовката на новото законско решение за безбедност и здравје при работа кое треба да одговори на потребите на едно современо општество, на кое безбедноста и здравјето на работниците му е високо на агендата на неговите приоритети.

На средбата стана збор и за активностите поврзани со изготвувањето на нова Стратегија и Акциски план за безбедност и здравје при работа, имајќи  предвид дека периодот на важност на тековната Стратегија и АП изминува и тие треба да бидат заменети со нови стратешки документи. Улогата на Советот во овие процеси ќе биде од клучно значење . Важно да се има предвид дека во истиот овој период веќе  е во тек и подготовката  на новата Стратешка рамка на ЕУ за БЗР за периодот 2021-2027,  која е важна  за нас земја – кандидат за членство во Унијата и  треба да ги имаме во предвид.

Министерката посочи дека  Министерството ќе  продолжи со  заложбите за унапредување на здравјето на работниците и безбедноста на работните места, како и  и  превенцијата  од несреќи и заболувања поврзани со работата и работните места.

Соговорниците изразија  задоволство за остварената средба и поддршката која ја дава Министерството за труд и социјална политика кон ова тело, што ќе придонесе за  поголема видливост на работата на Советот за БЗР, при што беше потенцирана и заедничка подготвеност за уште поголемо продлабочување на соработката во наредниот период.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

July 11, 2025

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

July 11, 2025

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk