Објавен е видео спотот за новиот сингл на младите MACRØ x MART1N. Синглот е насловен „Gang“. Текстот и музиката се од MACRØ и MART1N. Спотот е режиран од „Јанкоски Visual Studio“.
Шеснаесетгодишните Михаил Јагуриноски – MACRØ и Мартин Трајкоски – MART1N, од Прилеп, се најновиот „музички здив“ на прилепската музичка сцена.
Мартин, е шеснаесетгодишен рапер кој учи во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, како графички техничар. Михаил, е ученик во средното Државно музичко училиште во Битола, отсек клавир-инструменталец.
Мартин вели дека со музиката е од неговата осма година дека ужива во правењето на своја музика. Михаил свири гитара 11 години и клавир 9 години. Клавирот ми е идна професија, а гитарата ми е хоби, вели Михаил во интервјуто кое го имавме со двајцата млади музичари во ноември минатата година.
Ј. Ѓ.