-Не сакам да ја коментирам ниту пресудата на судот, ниту ставот на правобранителството, но се солидаризирам со новинарите. Како во иднина ќе се решаваат овие одлуки, сигурно следи постапка во Апелација, што значи системот има шанса се уште да го реши ова, ако не, постои и Стразбур.
Прво, мислам дека треба да има жалба на новинарите до повисокиот суд, дека новинарите беа оштетени подеднакво како и сите други кои беа во парламентот тој ден, за тоа немам дилема. Се чувствувам непријатно и доволно кажав за овој случај, да не бидам сфатен дека сакам да влијаам, судот има шанса и понатаму да погледне во случајот- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, на телевизија 24, запрашан за одбивањето на тужбата на новинарите против државата за настаните од 27 април во парламентот кога насилна толпа упадна внатре и го загрози животот на пратениците и новинарите.