ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев на Самитот на Инцијативата 17+1: Има потенцијал за поголема регионална соработката со Кина

February 9, 2021 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сега е време да се подготвиме за пост-ковидската ера и обновување на нашите општества и економии, и во таа насока е важно да се интензивираат различните форми на економска соработка. Соработката во рамките на 17 + 1 треба да биде насочена кон специфични проекти и да има конкретни резултати, особено во областите на економската и трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти, нагласи премиерот Зоран Заев на денешниот Самит на Кина и земјите од Централна и Источна Европа – 17+1, што се одржа преку онлајн видео конференциска врска.

Премиерот, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека Република Северна Македонија уште од почетокот на воспоставувањето на процесот на соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, активно учествува во поголем број активности, сметајќи ја како добра платформа за продлабочување на соработката во различни области.

Дури и во овој предизвикувачки период, рече Заев, кога целиот свет се соочува со последици од пандемијата на Ковид-19, минатата година, во рамките на 17+1, беа одржани еден министерски и неколку експертски видео состаноци, кои служат како добра можност за размена на информации и искуства во борба против вирусот. Тој изрази уверување дека овие состаноци беа навистина корисни за сите 17+1 земји и ја покажаа важноста на соработката во најтешки услови.

Заев потенцира дека за суштински развој и поголема соработка, особено е важно да се обезбеди слободна трговија, ослободена од административни пречки, понатамошно отворање на кинескиот пазар за производи од Централна и Источна Европа, фер конкуренција, еднаков третман на компаниите од регионот на кинескиот пазар, почитување на принципите на реципроцитет и принципот на взаемна корист, почитување на утврдените мултилатерални трговски правила на Светската трговска организација, и, како земја кандидат за ЕУ, во согласност со законот, политиките, вредностите и принципите на ЕУ.

Тој истакна дека процесот на соработка има потенцијал да постигне поголема ефикасност и од зголемената регионална соработка и за заеднички пристап кон проектите што доаѓаат од иницијативата 17+1.

– Знаеме дека сите земји од Југоисточна Европа имаат специфични интереси во различни области, па затоа може да биде корисно да се размислува за зголемена регионална соработка за проекти што би биле од интерес за повеќе земји во одреден регион. Ова може да се направи во областа на инфраструктурата или енергијата, особено во врска со проектите за употреба на обновлива енергија и намалување на загадувањето на водата, воздухот и почвата, како заеднички придонес во нашата борба против климатските промени, истакна Заев.

Тој ги информира шефовите на држави или влади учесници на Самитот за имплементација на Стратегија за енергетска транзиција на Република Северна Македонија во следните пет години со инвестиции во обновливи извори на енергија до 2030 година за одржлива иднина на овој план.

Претседателот на Владата во завршницата на своето обраќање посочи дека Република Северна Македонија останува активен учесник во Иницијативата со најдобрите искуства од досегашните активности во бројните настани, како и од четвртиот Форум на министри за култура на Кина и земјите од ЦИЕ, кој во рамките на Иницијативата 17+1 беше одржан во ноември 2019 година во Скопје.

Заблагодарувајќи се за учеството на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа – 17+1, Заев на кинескиот претседател Си Џинпинг и на народот во Кина им ја честиташе кинеската лунарна нова година, која започнува на 12 февруари.

Кинескиот претседател Си во своето обраќање на собирот се осврна на придобивките од Иницијативата и информира дека во име на идниот развој на соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, неговата држава во наредните пет години утврдила план за поголема вредност на увозот од овие европски земји во висина од 15 милијарди долари, како и зголемување на соработката во повеќе области како земјоделството, енергетиката, патната инфраструктура, образованието и особено во здравството, бидејќи Пекинг ја гледа Иницијативата 17+1 како крос-регионална платформа за соработка и на поле за сузбивање на пандемијата на Ковид-19 и на последиците од неа и ќе продолжи да биде активна во солидарната поддршка на земјите од Централна и Источна Европа. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk