ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Преку 700 милиони евра инвестираме за модернизација на Коридор 8

February 10, 2021 13:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра, што само по себе говори дека оваа Влада е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Министерот потенцираше дека само на источниот крак од овој Коридор,се инвестираат околу 100 милиони евра.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на втората фаза од државниот пат Куманово –Страцин, дел од патниот правец на Коридор 8.

“Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат.

Првата фаза се одвива непрекинато и очекуваме оваа година да биде завршена рехабилитацијата. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој Коридор”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Директорот на ЈП за државни патишта потецираше дека од буџетот на ЈПДП се инвестираат 7,2 милиони евра за рехабилитација на втората фаза од овој патен правец.

“ Денеска сме овде да го проследиме прогресот во градежните активности кои се извршуваат на рехабилитацијата на државниот патА2 делницаКуманово-Страцин, втора фаза. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.

За 2021 година најавија голема инфраструктурна програма за унапредвање на целокупната инфраструктура во државата.

Next Post

Анкета: За мнозинството Французи проширување на ЕУ со Западен Балкан е неважно, но би имало геополитички придобивки за Унијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk