ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дисциплински постапки и суспендирани доктори во болницата во Битола, забрана за работа на странски државјани без лиценца

February 10, 2021 10:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат – подрачно одделение Битола по извршениот вонреден инспекциски надзор ќе издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола односно забрана за давање здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.

Вонредниот инспекциски надзор, како што соопштија од ДСЗИ, нивните инспектори го извршиле по добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Трифун Пановски“ во Битола на 1 јануари царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин.

При вонредниот инспекциски надзор, како што се потенцира, ДСЗИ ПО Битола констатираше дека директорот на установата во врска со случајот преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.

Од ДСЗИ посочуваат дека ќе достават известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.

Информацијата за констатираната состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската документација за пациентката, изјави дадени од  директорот на установата, како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот и преземените мерки од ДСЗИ ќе биде доставена до министерот за здравство, додаваат од ДСЗИ.

/МИА/
Next Post

МПС бара полицијата да се вакцинира во првата или втора фаза на имунизација

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk